Превод: Филип Димевски
492 страни
240×170 mm

Варшава го исцртува Скопје

Кинга Нетман-Мултановска

„Според едно од најважните драматуршки правила, приказнава започнува од големиот земјотрес, кој во 1963 година шеесет и пет проценти од градбите на Скопје ги претвора во прав и пепел.

Превод: Филип Димевски
492 страни
240×170 mm

Original price was: 800,00 ден.Current price is: 560,00 ден.

На залиха

Опис на книгата

„Според едно од најважните драматуршки правила, приказнава започнува од големиот земјотрес, кој во 1963 година шеесет и пет проценти од градбите на Скопје ги претвора во прав и пепел. Во своето исцрпно дело, авторката ги сплотува судбините на Варшава и на македонската престолнина; човечката драма, несигурноста, очајот, а потоа и неверојатната мобилизација и триумфот на духот се мотиви што ги знаеме од сопствениот двор. Напишана со занес, жанровски разнородна и густа со информации, приказната за преродбата на градот пред сѐ е голема пофалба на солидарноста. Денеска, кога ни е најпотребна, книгава се покажува како особено актуелно и важно четиво“.

Малгожата Рејмер, писателка, авторка, меѓу другите, на книгите: Букурешт. Прав и крв и Кал послатка од мед  

„Фасцинантна, многуслојна книга. Израз на страста и компетенцијата на авторката, која, пишувајќи за мисијата на варшавските урбанисти во Скопје и за судбината на Северна Македонија, ја открива заборавената солидарност на Полјаците со Македонците, врската на Полска со Балканот. Оваа прекрасна публикација има уште една основна димензија: го прикажува европското наследство преку палимпсестот Скопје – местото каде што се вкрстуваат христијанството, исламот, јудаизмот и атеистичкиот хуманизам. Кинга Нетман-Мултановска раскажува за градот покрај Вардар како за своја мала татковина, зашто ѝ подарил нова перспектива за запознавање на себеси и на својата култура. Љубовта кон ова парче земја ме зарази и мене. Скопје е и наша судбина, наша Европа. Скопје сме ние!“

Базил Керски, директор Европскиот центар на солидарноста во Гдањск

Прочитај извадок