Превод: Андреј Јованчевски
Едиција: Аквамарин
213 страни
195×125 mm

Редица

Владимир Сорокин

Нешто доставиле – и на една од главните московски улици почнува да се создава редица.

Превод: Андреј Јованчевски
Едиција: Аквамарин
213 страни
195×125 mm

Original price was: 300,00 ден.Current price is: 210,00 ден.

На залиха

Опис на книгата

Нешто доставиле – и на една од главните московски улици почнува да се создава редица. На почетокот, како и сите, заплеткана и хаотична, расте во социјална листа – и стои, стои, стои, час, два, пет; ден, потоа ноќ, потоа уште еден ден. Што се чека? Не се знае, но на стојачите во редицата не се чини дека тоа им пречи. Луѓето што стојат – посебно, а истовремено заедно, како габични клетки – приспиваат, ги караат децата, флертуваат, пијат, озборуваат, го споменуваат редот што владеел порано – накусо, зборувајќи, го откриваат целиот замор, сивилото, просташтвото и немањето перспективи, со кои се карактеризирал животот во СССР во времето на Брежњев. Испишано на повеќе од двесте страници, ова известување од московските улици веројатно е најсилното обвинение што можело да ѝ се постави на веќе изморената и ослабена империја. Редицата е мотив што современата литература му го „должи“ дури на соцреализмот. На човештвото му се случувало и претходно да застанува во редица, сепак никогаш претходно редицата не претставувала засебна форма за минување на времето. За редицата како феномен се интересирале голем број поети, сатиричари и писатели, но сепак дури на Сорокин му успеало да ја предаде целата сурова вистина.

Прочитај извадок