
Калокаин
Карин Боје
Калокаин е дистописки роман од 1940 г. од шведската писателка Карин Боје, кој предвидува иднина на мониториран терор во тоталитарна држава.
Original price was: 350,00 ден.245,00 денCurrent price is: 245,00 ден.
На залиха
Опис на книгата
„Калокаин“ е дистописки роман од 1940 г. од шведската писателка Карин Боје, кој предвидува иднина на мониториран терор во тоталитарна држава. Гледан низ очите на идеалистичкиот научник Лео Кал, романот е приказ на беспрекорна тоталитарна држава. Важен аспект се односите и врските меѓу ликовите, како што е бракот на главниот лик и неговата сопруга Линда Кал и чувствата на љубомора и сомнеж што можат да се појават во општество со силен надзор и правна несигурност. Друга централна тема е криминализацијата на мислите. Поединецот е непожелен, тој е дел од државата, а преку ефектите на калокаинот, нападнато е последното засолниште на индивидуалните мисли. Романот е сместен некаде во 2000-тите, заплетот се фокусира на Лео Кал и е напишан во форма на дневник или мемоар. Лео е научник што живее во Хемискиот град, првично е многу лојален на владата и го развива серумот калокаин, наречен според него. Кога ќе му се вбризга на испитаникот, серумот предизвикува тој да открие сè што знае, дури и нешта за кои не бил свесен, што претставува метафора за неконтролиран надзор во една тоталитарна држава. „Калокаин“ бил инспириран од современите настани во Советскиот Сојуз и нацистичка Германија во 1930-тите. Романот бил дел од амбицијата на Боје да се бори против тоталитаризмот и бил сосема различен од сè што напишала претходно. Во „Калокаин“, Боје го вклучила својот поглед на светот врз основа на своите искуства со христијанството и црквата, посветеноста на политичкото левичарско движење, мировното движење од 1930-тите и феминизмот.
Превод од шведски јазик: Родна Русковска Број на страници: 194 Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125
