Златко Ѓелески

Златко Ѓелески е писател, филмски, музички и книжевен критичар, роден во 1986 година во Битола. Основно и средно училиште има завршено во Кичево, а дипломира на катедрата за општа и компаративна книжевност при факултетот „Блаже Конески“ во Скопје во 2010 година. Активно работи во промовирањето на хорор-културата во Македонија, автор, уредник и издавач е на хорор-списанието „Кошмар“ од 2008 година до денес. Добитник е на наградата за најдобра филмска критика на 12-то издание на филмскиот фестивал „Синедејс“ во 2013 година. Режисер е на краткометражните филмови „Од другата страна“ и „Мемоари“, организатор на ревијата на хорор-филмови „Мрак Фест“, одговорен е и за музичките изданија на „Мрак“. „Понор“ е неговата трета книга, по „Морбидизам“ и „Колекционерот на страв“.

Книги во издание на Бегемот

Original price was: 300,00 ден.Current price is: 210,00 ден.