Жил Менар

5. Жил Менар
–
биографска
белешка

4. Жил Менар е внук на Пјер Менар, авторот на „Дон Кихот“. Жил Менар е роден од љубопитност, од зазор од здодевност; роден е од хроничната потреба од изненадување. Жил Менар е роден е од игра и за игра, која ги преиспитува претпоставените одговори на теми и прашања како „идентитет“, „припаѓање“, „вредност“, „живот“, „успех“, и сл.

3. Жил Менар е автор на збирката „50 раскази (најдоброто од 10 збирки раскази)“, во издание на „Бегемот“, (2019 г.) На бирократски план, Жил Менар сè уште спори со Живко Грозданоски околу авторството на напишаните раскази.

2. Жил Менар не ја исклучува можност повторно да објави збирка кратки раскази, со тоа што таму теренот за игра би бил уште попрошитен, познатите
линии изгазени.

1. За „генезата на Жил Менар“ објавен е истонасловен текст на окно.мк

Книги во издание на Бегемот

Original price was: 250,00 ден.Current price is: 175,00 ден.