
Владислав Ванчура
Владислав Ванчура (1891 – 1942) – чешки писател, драматург, филмски режисер и сценарист, по професија лекар.На почетокот бил под влијание на експресионизмот. Неговото творештво го поврзува склоноста кон гротеската. Сепак, авангардниот однос кон реалноста најмногу го изразувал преку формалната експерименталност. Непрестајно барал нови средства за изразување, а ефект на сето тоа е специфичниот, неверојатно богат јазик (како лексички, така и синтаксички) на неговите дела, кој предизвикува голем број потешкотии во преводите. И покрај тоа, неговите дела се преведени на голем број светски јазици. Во потрага по нови патишта на уметноста, се занимавал и со филмографијата – пишувал сценарија и самиот режирал. Добитник е и на голем број одлики.

