Владислав Рејмонт

Владислав Станислав Рејмонт, всушност Станислав Владислав Рејмент (род. 1867 г. во Кобјеле Вјелке – починат во 1925 г. во Варшава) – полски писател, прозаист и новелист, еден од главниот претставници на реализмот со елементи на натурализмот во прозата од периодот на Млада Полска. Добитник на Нобеловата награда за литература за четиритомната епопеја Селани во 1924 година. Еден од најголемите и најважните писатели во историјата на полската литература. Се родил во декласирано благородничко семејство, како син на селски оргулар, кој едвај можел да ги прехрани деветте деца. Најверојатно околу 1888 г. си го променил презимето во Рејмонт, бидејќи од 1889 г. се потпишувал со тоа презиме. Во годините 1880–84 бил кројачки чирак во Варшава. Во годините 1884(?)–1887 бил актер во патувачки театарски трупи под псевдонимот Урбањски. Во 1890 г., во Ченстохова се поврзал со спиритисти, кои оставиле силен печат врз неговиот психички живот и врз творештвото. Кон крајот на 1893 г., се преселил во Варшава, живеејќи исклучило од литературна работа. Стекнал популарност со делото Аџилак до Јасна Гора, во кое се истакнал како уметник со необичен литературен сензибилитет, прикажувајќи го со уметнички описи богатството на светот што го опкружува. Во 1896 г. престојувал во Лоѓ, каде што собирал материјал за Ветената земја. Многу патувал (Рим, Берлин, Брисел, Лондон), а најчесто го посетувал Париз. Во 1900 г., во железничка несреќа кај Варшава се здобил со сериозни повреди, чии последици ги чувствувал до крајот на животот. Откако се оженил во 1902 г. со Аурелија Шабловска, заминал за Франција, каде што во Бретања работел на ремек-делото Селани. Руската револуција во 1905 г. ја доживеал во Варшава. Овде бил и за време на Првата светска војна, занимавајќи се со литературна работа и со дејност во општествените и граѓанските комитети. По добивањето на независноста на Полска, двократно (1919 и 1920) заминувал кај полската дијаспора во САД, со апел за помош при обновата на Полска. Силно се интересирал за филмот, бил еден од соосновачите на првото полско кинематографско претпријатие. За последен пат настапил јавно на 15.8.1925 г., како член на Полската народна партија „Пјаст“. Погребот на Рејмонт станал национална манифестација. Бил погребан на гробиштата во Варшава, а неговото срце било вѕидано во црквата Св. Крст, исто така во Варшава. Автор е на голем број дела: Аџилак до Јасна Гора (1895); Комедијантка (1896); Ферменти (1897); Вампир (1911); Бунт (1924), а критичарите ги сместуваат неговите Селани (1904) и Ветената земја (1898) како ремек-дела во полската е светската литература.

Книги во издание на Бегемот

Original price was: 700,00 ден.Current price is: 490,00 ден.