
Владимир Мартиновски
Владимир Мартиновски (Скопје, 1974) e поет, раскажувач, есеист, теоретичар, книжевен преведувач, антологичар. Работи како редовен професор по предметот Компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Докторирал на Универзитетот Париз III – Нова Сорбона. Автор е на десет книжевно-теориски студии, десет поетски книги, три книги со хаибуни и една збирка кратки раскази. Неговата поезија е застапена во неколку меѓународни антологии, а е објавувана и во голем број списанија и на дваесетина јазици. Добитник е на првата награда на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“ (2009), на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата (2010), на наградата „Димитар Митрев“ за книжевна критика на ДПМ (2013), на признанието „Витез на македонскиот пишан збор“ (2014), „Лирата на Орфеј“ (2020) и „Антев златник“ (2020). Се занимава и со други уметности. Многу сака да патува, но и да чита книги поврзани со патувања.






