Вилијам Батлер Јејтс

Вилијам Батлер Јејтс (1865-1939) Ирски поет, драматург и прозаист, еден од најголемите поети од англиско говорно подрачје во дваесеттиот век. Добитник на Нобеловата награда за литература во 1923 година.Јејтс најголемата афирмација ја постигнува благодарение на своите драмски и лирски. Темите кои се повторуваат во неговото творештво се контрастот на уметноста и животот, маските, цикличните теории на животот (симболот на кружните скалила) и идеалите на убавото и церемонијалното наспроти метежот на модерниот живот. Основач е на првиот ирски Национален театар. Во неговите рани песни доминираат легендите од ирската митологија. Поезијата од средниот период е под влијание на невозвратената љубов кон Мод Гон и неговото учество во Ирското национално движење. Песните од последниот период се мрачни и преполни со окултна симболика.

Книги во издание на Бегемот