
Виктор Пелевин
ВИКТОР ПЕЛЕВИН (РОД. 1962) е еден од најзагадочните инајзначајните автори на постмодерна фикција на денешницата, иакосамиот одбива својот книжевен профил да го идентификува со постмодернизмот. Неговото дело е, бездруго, клучна референтна точка за она што се нарекувапостсоветска литература. Во неговиот опус се вбројуваатроманите и збирки раскази: „Синиот фенер“, „Жолтата стрела“, „Омон Ра“,„Животот на инсектите“, „Чапаев и празнина“, „Генерација П“, „S.N.U.F.F.“,„Бетмен Аполо“, „Набљудувачот“ и др. Сите тие се повеќеслојни текстовикои обединуваат елементи од попкултурата и езотеричнитефилозофии, одразувајќи ги притоа и конвенциите на жанровите нанаучната фантастика и сатирата. Неговата поетика неретко јаповрзуваат со имињата на книжевните великани МихаилБулгаков, Николај Гогољ и Франц Кафка, но евидентна е неговатаавторска оригиналност како мајстор на надреалното; тој ја разобличувареалноста до апсурдност, со цел да ја прикаже онаква каква што е.

