
Валтер Бенјамин
Валтер Бенјамин (1892-1940) – германски интелектуалец, писател, филозоф, теоретичар, социолог, книжевен критичар, преведувач и есеист со еврејско потекло. Спаѓа во интелектуалната група на Франкфуртската школа за критичка теорија. Еден од најголемите филозофи на XX век.Петнаесет години по неговата смрт, неговите книжевни дела, особено За фотографијата и уметноста, одиграле значајна улога меѓу академиците од хуманистичките дисциплини. Бил марксист, активен во интелектуалните кругови на европската левица. Од 1933 година живеел во Париз, а бегајќи од Гестапо од окупираната Франција во Шпанија, извршил самоубиство. Бил беспоштеден критичар на граѓанското општество и неговата култура. Негови најпознати дела се: Критика на насилството (1921); Еднонасочна улица (1928); Потеклото на германската трагедија (1928); Уметноста во добата на техничката репродукција (1936); Детството во Берлин околу илјада и деветстотата (1950); и др.

