Тони Димков

Тони Димков работи како новинар од областа на културата и уметноста од 1990 година, активно следејќи го творештвото на македонските уметници од повеќе области и сите позначајни фестивали и културни манифестации во државата.Автор е на пет книги од областа на публицистиката: „Зборот остава траги“ (2016), „Кантар со метафори“ (2017), „Културен печат – интервјуа и разговори“ (2021), „Огледало на живата мисла“ (2022) и „Рефлексии“ (2023).Добитник е на најзначајните награди од областа на новинарството и достигнувањата во културата, како наградите „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ (2016), наградата на МНК ИКОМ (2017), за професионален ангажман во афирмацијата на културата и музејското работење, наградата „13 Ноември“ на Град Скопје (2020), наградата од Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ во чест на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ и др.

Книги во издание на Бегемот

Original price was: 400,00 ден.Current price is: 280,00 ден.

Original price was: 400,00 ден.Current price is: 280,00 ден.

Original price was: 350,00 ден.Current price is: 245,00 ден.