
Теофило Брага
Теофило Брага (24 февруари 1843 – 28 јануари 1924) Португалски писател, драматург, есеист, поет, политичар и лидер на републиканската привремена влада по соборувањето на кралот Мануел II. Воедно, бил и вториот демократски избран претседател на првата Португалска Република. Студирал право на Универзитетот во Коимбра, а докторирал од областа на историјата на португалското право. Предавал книжевност во Лисабон. Ги објавил поетските книги: Визија на времињата, Звучни бури, Напливи, Секуларни привиденија; прозните дела: Фантастични раскази и Виријато; есеите и книжевни огледи: Книжевните теории на тековната состојба на португалската литература; Историја на модерната поезија во Португалија; Историја на португалската книжевност; Историја на португалскиот театар; Теорија на историјата на португалската книжевност; Прирачник за историјата на португалската литература; Бокаж, неговиот живот и време; Историја на романтизмот во Португалија; Социолошки системи; Камоиш и националнте чувства; а објавил и две антологии: Антологија на народни песни и Антологија на традиционални приказни на португалскиот народ.

