
Светлана Алексиевич
Светлана Алексиевич (р. 1948) е белоруска писателка новинарка која во својата петтомна епопеја за последните 100 години од советско-руската историја ги има документирано искуствата на стотици луѓе со различен статус и опит во советскиот и постсоветскиот свет, во вид на орална историја.„Гласови на утопијата“, како што самата ја нарекува оваа епопеја, ги опфаќа делата: „Војната нема женско лице“, „Последните сведоци“, „Оловните момчиња“, „Чернобилската молитва“и „Времето secondhand“. Во нив таа ги преиспитува границите на историографијата и литературата, создавајќи текст кој е несовпадлив со востановените жанровски канони, а сепак со својата моќност ги пробива границите на убавото писмо и ја потврдува релевантноста на својата содржина како историски документ. За нејзиниот полифоничен дискурс, споменик на страдањата и смелоста на нашето време, Кралската шведскаакадемија на науките ѝ ја додели Нобеловата награда за литература во 2015 година.




