
Станислав И. Виткевич
Станислав Игнаци Виткевич – псевдоним Виткаци (1885-1939) – полски писател, сликар, филозоф, драматург и фотограф.Виткевич бил визионер и писател кој живеел и творел во меѓувоениот период во Полска. Проникливоста на неговите визии и претскажувања овозможува новите генерации читатели да го откриваат одново и одново. Тој е еден од ретките полски писатели чие значење во историјата на литературата и на уметноста непрестајно трае и не слабее. Виткевич веднаш стана класик и еден од најпреведуваните полски писатели – неговите текстови доживеаја преводи на повеќе од 30 светски јазици. Тој е и еден од полските писатели чии драми најчесто се изведуваат на странските сцени. Автор е на четири романи: 622 пропасти на Бунго, односно Демонската жена (1911 г., првпат објавен во 1972 г.), Збогување со Есента (1927 г.), Ненаситност (1930 г.) и Единствениот излез (недовршен роман) и на бројни драмски, филозофски и естетски текстови. Станислав И. Виткевич трагично го заврши својот живот во 1939 г. со самоубиство, откако ја дознал веста за злосторничкиот напад на Црвената Армија врз Полска.


