
Славомир Мрожек
Славомир Мрожек (1930 – 2013) – полски драматург, прозаист, карикатурист, публицист, театарски критичар, сценарист и режисер. Автор на голем број сатирични раскази, романи и драмски дела со филозофска, политичка и психолошка тематика. Како драматург му припаѓа на театарот на апсурдот. Еден од најпопуларните полски писатели и еден од најпознатите во светот; неговите драмски дела се играат низ целиот свет. Неговото име станало мото секаде онаму каде што треба да се нагласи некој особен апсурд: тогаш се вели дека е „како кај Мрожек“.Автор е на голем број прозни и драмски дела, меѓу кои најпознати се: Малечко лето (1956), Слон (1957), Свадба во Атомице (1959), Бегство на југ (1961), Две писма и други раскази (1974), Полиција. Драма од жандармериските сфери (1958), Мисир (1960), Забава (1962), Танго (1964), Емигранти (1974) и др.

