
Шчепан Твардох
Шчепан Твардох (1979 год.) – полски писател и публицист. По професија е социолог и филозоф. Тој е голем познавач на шлезискиот јазик и култура, а исто така е експерт во областа на оружјето. Особено се интересира за проблематиката на идентификацијата со родното место, како и за националниот идентитет: полскиот, германскиот, шлезискиот.Во своите дела со впечатлива и логична, но едновремено изненадувачка и компликувана конструкција, Твардох непрестајно балансира меѓу реалното и фантастичното, психологијата и реализмот, вистинската историја и алтернативната. Во нив е претставен компактен, сугестивен свет кој го принудува читателот да размисли за светот во кој живееме. Автор е на повеќе дела и е лауреат на голем број награди, како престижната Paszport Polityki и наградата од публиката која е дел од литературната награда Nike за делото „Морфиум“. Добитник е на рекорден број номинации за наградите: Nike, Gdynia и Angelus. Меѓу најценетите негови дела спаѓа и „Вечниот Грунвалд“ (2010 г.).

