
Семјуел Бекет
Семјуел Бекет (1906 – 1989) – ирски драматург, прозаист и есеист, кој првично творел на англиски, а од 1945 г. на француски јазик. Бекет е еден од основоположниците на „театарот на апсурдот“. Неговата проза е лишена од традиционалната нарација, создава атмосфера на екстремен песимизам и ја нагласува бесмисленоста на човечката егзистенција. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1969 година. Како ученик, асистент и пријател на Џемс Џојс, Бекет се смета за еден од доцните модернисти; тој понекогаш се смета и за еден од првите постмодернисти. Негово најпознато дело е трагикомедијата во два чина Чекајќи го Годо (1952).

