
Сашо Огненовски
Сашо Огненовски е роден 1964 год. во Битола. Основно и средно училиште завршил во родниот град. Во 1987 година дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за Драмски актери. Во 2002 година магистрира на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје на отсекот за Комуникации и медиуми, а во 2017 година докторира на Институтот за комуникации и медиуми при правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Досега ги објавил книгите поезија „Лавина“ (1995), „Плодовите на пеколот“, (2104) „Пустински цвет“ (2015), „Шума“ (2018) и „Менување на минатото“ (2019), книгите пиеси за деца „Обична бајка“ (2002) и „Волшебниот компас“ (2011), монографијата „Ацо Ѓорчев – актерска легенда“ како и книгата со драми „Тврдина“ (2016).

