
Пјотр Пажињски
Пјотр Пажињски (род. 1973 г.) завршил филозофија на Варшавскиот Универзитет и е доктор на хуманистички науки. Од 2000 година е главен уредник на месечникот „Мидраш“. Автор е на монографијата „Лавиринт и дрво“ (2005) и на личниот водич „Даблин со Уликс“ (2008), посветени на „Уликс“ на Џејмс Џојс. Пишува, преведува, се занимава со филозофијата на јудаизмот и со еврејската тематика во литературата. Еден од главните негови интереси е книжевноста на Џејмс Џојс. Одвреме-навреме објавува текстови во разни списанија. „Пансион“ е неговото книжевно деби, за кое ги добива престижните награди „Пашпорт Политики“ (2009) и Европската награда за литература (2012), а романот бил номиниран и за највисоката национална награда во Полска – „Нике“. „Птичји улици“ (2013) е неговиот последен роман.
