
Павел Чех
Роден е на 5 ноември 1968 во Брно, учел за машинобравар. Пет години се занимавал со поправка на машини во фабрика во Брно, а потоа петнаесет години работел како пожарникар. Од 2004 година е слободен уметник, оженет е и има два сина, Јиржи и Франтишек. Слика, црта и пишува книги за деца и возрасни, се занимава со стрип и илустрација. Добил повеќе книжевни награди, а неговите дела се објавувани и во странство (Франција, Италија, Русија, Иран, Германија, Словачка, Словенија, Хрватска). Павел Чех вели: „Обожавам зараснати градини, ѕвездено небо, пеперуги и пајаци, луѓе со добро срце, мирис на летни јаболка и борова шума, лутање, излупени ѕидови, Индијанци, летање змеј, книгите на Михал Ајваз, ’рѓосани клучеви, стари кина, чиста вода, тајни… Се трудам да го насликам тоа на платно или за тоа да пишувам и да цртам книги.“


