Оксана Забужко

Оксана Забужко (1960) е една од најзначајните современи украински писателки, поетеси, есеистки, филозофки и општествени интелектуалки. Авторка е на повеќе од дваесет книги, преведени на бројни јазици, а нејзиното творештво се одликува со интелектуална продлабоченост, јазична експресивност и смело преиспитување на личниот и на националниот идентитет, женското искуство, историската меморија и посттоталитарното наследство.
Завршила Филозофски факултет и постдипломски студии по естетика на Универзитетот „Тарас Шевченко“ во Киев, каде што во 1987 година докторирала со дисертација од областа на филозофијата и естетиката. Пред целосно да му се посвети на книжевното творештво, предавала естетика и историја на културата и работела како научен соработник во Институтот за филозофија при Националната академија на науките на Украина. Предавала и на универзитетите „Пен Стејт“, Харвард и Питсбург, што дополнително ја потврдува нејзината силна академска и интелектуална провиниенција.
Со романот „Теренски истражувања на украинскиот секс“ (1996), едно од клучните дела на постсоветската украинска книжевност, Забужко изврши силно влијание врз развојот на современата украинска проза и отвори нов простор за теми и книжевни гласови што дотогаш ретко се слушаа. Освен споменатиот роман, нејзини најпознати дела се: романите „Музеј на напуштените тајни“ и „Сестро, сестро“, есеистичките книги „Notre Dame d’Ukraine: Украинка во судирот на митологиите“ и „Најдолгото патување“, како и филозофското дело „Шевченковиот мит за Украина“.

Книги во издание на Бегемот

Original price was: 350,00 ден.Current price is: 245,00 ден.