Милко Бојковски

Милко Бојковски е роден во Куманово, 1985 год. Завршил општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Неговите раскази и поезија се повремено објавувани на страниците на е-списанието Електролит и српскиот сајт за поезија Поезин, како и на Балкански книжевен гласник. Творечката енергија ја црпи од блузот, а животот му се одвива на релација Куманово-Скопје. Проблемите кои ги засегнува во неговиот прозен ракопис се од урбаната природа на младиот, честопати збунет, човек, а честопати го засегнува проблемот на неговата алиенација од материјалниот свет. Јазикот и стилот со кои се користи соодветствуваат со предизвиците на постмодернизмот.

Книги во издание на Бегемот

Original price was: 150,00 ден.Current price is: 105,00 ден.