
Мигел де Унамуно
Мигел де Унамуно (1864-1936) – шпански филозоф, писател, драматург и поет, ректор на Универзитетот во Саламанка. Разочаран од дејноста на Републиката, на почетокот го поддржал генералот Франко. Сепак, не можел да ги игнорира колењето и убиствата, чии жртви паднеле и неговите пријатели, меѓу нив и Федерико Гарсија Лорка. Како одговор на нападите против Каталонците и Баскијците, одржал говор против идеите на националистите во амфитеатарот на Универзитетот во Саламанка. Најверојатно само присуството на сопругата на генералот Франко го спасило од линч. Генералот Франко побарал ликвидација на филозофот, но сепак не го сторил тоа поради неговата меѓународна слава и реакциите што ги предизвикало во странство убиството на Федерико Гарсија Лорка. Автор е на повеќе прозни, филозофски и поетски дела, а меѓу најпознатите се: Мир за време на војна; Љубов и педагогија; Магла; Авел Санчес: приказна за една страст; Агонијата на христијанството; Трагично чувствување на животот и др.

