
Марио де Карваљо
Марио де Карваљо (род. 1944 год. во Лисабон) е еден од најзначајните современи португалски писатели. Автор е на повеќе дела од различни жанрови, романи, кратки раскази и драмски дела. Неговата прва збирка раскази, објавен во 1981 година, го означи почетокот на неговата успешна писателска кариера. Неговиот стил е истовремено разновиден и префинет, а неговата фикција е сместена во различно време и на различно место. Добитник е на престижната награда Pegasus Prize во 1996 година. Неговите дела се преведени на голем број светски јазици. Ова е првото негово дело преведено на македонски јазик.

