
Маќеј Шиманович
Маќеј Шиманович дипломирал на Факултетот за куклена уметност при Варшавската театарска академија. Познат е главно по илустрации, плакати за театарот Гротеска во Краков и по графички обвивки за друштвени игри. Добитник е на Литературната награда на Варшава за илустрациите за книгата Asiunia на Јоана Папужињска (2011). Неговите книги се впишани на Листата на богатства на Музејот на детската книга.


