Ладислав Клима

Ладислав Клима (1878-1928) – чешки писател и филозоф. Неверојатно оригинален како во своето творештво, така и во своето ексцентрично однесувањето. Со начинот на живот свесно ги пречекорувал границите на прифатливите норми. Поради навреда на Хабсбуршката династија бил избркан од гимназијата во родното место. Подоцна учел во гимназијата во Загреб, која впрочем и не ја завршил. Писателот зазема скептичен поглед во однос на реалноста, ја отфрла прифатената моралноста и каква било вредност со исклучок на својата свест. За него својствен е радикалниот индивидуализам, кој пронашол отелотворение во „егосолизмот“, во идејата за човек-бог изразито се надоврзува на Ниче и Шопенхауер. Клима напишал неколку филозофски книги. Негови највреднувани дела се гротескниот роман Страдањата на кнезот Штерненхох, како и новелата Славна Немезис и збирката кратки раскази Како ќе биде по смртта, кои интегрално се објавено во издание на Бегемот.

Книги во издание на Бегемот

Original price was: 250,00 ден.Current price is: 175,00 ден.