Каролин Жорж

Каролин Жорж (1970 г.) – канадска писателка и мултидисциплинарна уметница од Квебек.Студирала уметност и филм на Универзитетот Квебек во Шикутими и историја на уметност на Универзитетот Квебек во Монтреал. Нејзиниот дебитантски роман „La Mue de l’hermaphrodite“ е објавен во 2001 година, а оттогаш објавува романи, раскази, поезија и литература за деца. Со романот „Синтеза“ (2017) ја освојува наградата Governor General’s Award 2018 за белетристика на француски јазик, како и наградата Жак-Бросар во 2018 година.

Книги во издание на Бегемот