
Карл-Јохан Валгрен
Карл-Јохан Валгрен (род. 1964) – шведски писател, музичар и рок-вокал. Моментално живее во Стокхолм.Автор е на неколку романи и збирка раскази, првото дело го објавува во 1987 година. Во 2002 год. ја добива националната награда „Аугуст“ (Augustpriset) за литература за романот „Приказна за една гротескна љубов“. Набргу романот предизвикува огромен интерес кај читателите и е преведен на дваесет и пет јазици. Романот прави голем продор и станува бестселер во Италија, Германија и Русија. Автор е и на романот „Тритон“, со кој исто така постигнува голем успех кај читателите и кај критиката. Со романот „Човекот во сенките“ (2013) го прави своето деби во трилер-литературата, а неговиот втор роман од овој жанр е „Свињата“, објавен во 2015 година. Двата романа ги објавува под псевдонимот „Луцифер“.

