Јакуб Арбес

Јакуб Арбес (1840 – 1914) – чешки прозаист, критичар и новинар, следбеник на литературната група Мајовци и творец на новиот литературен стил наречен „романето“.Белетристичкото творештво на Арбес, со кое се занимавал од 60-те години, жанровски збогатувајќи го со т.н. „романето“, било оформено под влијание на романите на Жил Верн и новелите на Едгар Алан По. „Романетото“ го карактеризира акција полна со напнатост, таинственост и сензационалност, со нејзина логичка, рационална разрешница, притоа необичните појави и факти го пронаоѓаат своето објаснување во природните и егзактните науки. Негови најпознати дела се: Ѓавол на маки (1866), Њутновиот мозок (1877), Модерни сеништа (1879), Кандидати за егзистенција (1878) и др.

Книги во издание на Бегемот

Original price was: 140,00 ден.Current price is: 98,00 ден.