
Иван Антиќ
Иван Антиќ е роден во 1981 година во Јагодина. Дипломирал на групата Српска книжевност и српски јазик со општа книжевност на Филолошкиот факултет во Белград. Ги има објавено книгите раскази „Тонус“ (Матица српска, 2009) и „Мембрани, мембрани“ (Културни центар Нови Сад, 2016). Расказите му се преведени на англиски, германски, полски, словенечки, романски и албански јазик и се дел од неколку странски антологии. Покрај со пишување, се занимава и со преведување од словенечки и работи како главен и одговорен уредник во издавачката дејност на Српскиот културен центар „Данило Киш“ во Љубљана. Од 2012 година живее и работи во овој град.

