Ирена Вркљан

Ирена Вркљан (род. 1930 во Белград) – хрватска поетеса, прозаистка, есеистка, преведувачка и автор на радиодрами, позната и како „хрватска Вирџинија Вулф“. Активна е на хрватската книжевна сцена повеќе од педесет години. Дописен член е на Хрватската академија на науките и уметностите. Студирала на Филозофскиот факултет во Загреб (археологија, етнологија и германистика) и на Филмската академија во Берлин. Од 1960 до 1971 год. работела во телевизија како уредник на емисијата „Портрети и средби“. Се обидела во различни книжевни жанрови, објавувајќи над дваесет книги: поетски збирки, романи, автобиографска проза и есеи. Пишува и сценарија за телевизиски драми и радиодрами. Нејзините дела се преведени на повеќе странски јазици. Добитник е на бројни книжевни награди, како „Ксавер Шандор Ѓалски“ за книгата „Свила, ножици“ (1984), наградата „Иван Горан Ковачиќ“ за романот „Марина или за биографијата“ (1987) и наградата ХАЗУ за романот „Последно патување во Виена“ (2000). Во 2009 год. го добива признанието „Владимир Назор“ за животно дело.

Книги во издание на Бегемот

Original price was: 200,00 ден.Current price is: 140,00 ден.