
Игнаци Карпович
Игнаци Карпович (род. 1976) е полски писател, прозаист и литературен преведувач.Првите години од животот ги поминал во селото Случанка, а потоа заедно со родителите се преселил во Бјалисток. Студирал хуманистички студии на Варшавскиот Универзитет. Досега е автор на шест романи, од кои секој од нив бил номиниран и влегол во најтесниот круг за двете најпрестижни награди во Полска – Paszport Polityki и Nike. Со романот Баладини и романси ја освоил наградата Paszport Polityki 2010. Со романот Ości стигна до финалето на литературната наградата Nike 2011 и ја освои наградата од публиката. Романот Соња, исто така, влезе во финалето на оваа најголема литературна награда во Полска во 2015 година.

