
Ѓорѓи Крстевски
Ѓорѓи Крстевски (1981, Скопје) е дипломиран филолог по руски јазик и книжевност. Активно се занимава со превод и со пишување. Досега објавил една самостојна книга раскази: „Обични и необични приказни“ (2011), како и книга кратки прози во коавторство со уште други двајца автори: „Не сакам да ви кажам ништо“ (2005). Освен раскази, пишува и афоризми и поезија. Учествувал на разни домашни конкурси за кратки раскази, каде што бил добитник на награди. Негови раскази се застапени во антологиите „Тешка ноќ“ (антологија на современиот македонски фантастичен расказ), „Ветрот носи убаво време“ (антологија на најмладата македонска поезија и проза), во зборникот „Креативни точки“, во списанието „Современост“, во „Очудувања“ (конкурс за кратка проза), како и на разни портали на интернет. Како преведувач, досега превел околу триесетина книги, главно од руски, но и од српски и од хрватски јазик. Живее и работи во Скопје.

