
Ева-Мари Лифнер
Авторката Ева-Мари Лифнер е родена 1957 година во Гетеборг и дебитирала во 2001 година со романот „Камера“ награден и со наградата Полони – Polonipriset, во чест на писателката Полони, за женски шведски писателки на детективски романи во подем и наградата „Рачен клин“ – Flintyxan, сега укината, за најдобар историски криминалистички роман. Нејзиниот втор роман „Imago“ бил номиниран за наградата Аугуст – Augustpriset, за 2003 година. „Lacrimosa“ била номинирана за наградата Аугуст за 2011 година и тоа сосем оправдано.

