Ѕвездан Георгиевски

Ѕвездан Георгиевски е роден во Јесенице, Република Словенија. Работел како новинар во повеќе редакции: „Нова Македонија“, „Пулс“, „Утрински весник“, „Глобус“. Еден е од основачите на „Канал 4“, првото приватно радио во Македонија. Основач е на наградата „Роман на годината“ што своевремено ја доделуваше „Утрински весник“, а сега ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.Ги објавил книгите: „Недела дена во животот и смртта на Гроздан“ (роман, „Темплум“, 2016; второ издание „Темплум“, 2018), „Урбани топоними“ (есеи, „Темплум“, 2018), „Да не бидам покусо“ (раскази, „Просветно дело“, 2018), „Плачеш како кит“ (Бегемот, 2023) и „Базирано врз речиси вистинити настани“ (Бегемот, 2024). Во моментот работи како извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Книги во издание на Бегемот

Original price was: 300,00 ден.Current price is: 210,00 ден.

Original price was: 300,00 ден.Current price is: 210,00 ден.

Original price was: 250,00 ден.Current price is: 175,00 ден.