
Драго Јанчар
Драго Јанчар (13 април 1948, Марибор ) – словенечки современ писател.По завршувањето на средното хемиско училиште, се запишал на Правниот факултет во Марибор, каде што станал уредник на студентскиот весник. Наскоро дошол во судир со комунистичките власти околу неговите критички текстови против владејачкиот режим. Во 1974 година бил уапсен од југословенските власти под обвинение за „ширење непријателска култура“. Јанчар бил затворен една година, но откако ги отслужил првите три месеци, бил ослободен. По завршувањето на воена служба, Јанчар се посветил на пишувањето и оттогаш неговата кариера оди во нагорна линија. По преселувањето во Љубљана, станал уредник на списанието „Матица словенска“, вбројувајќи се во редовите на писателите, уметниците и интелектуалците познати по нивниот негативен став кон комунистичкиот режим. Првично, Јанчар не бил во можност да ги објави своите книги во Словенија, но по смртта на Тито, прво се стекнува со слава како драмски писател и филмски сценарист, а од 1980-те станува еден од најталентираните современи словенечки писатели не само во границите на поранешна Југославија, туку и во Европа. Автор е на голем број афирмирани романи, драми, есеи и раскази и е добитник на бројни престижни домашни и европски награди.

