Чеслав Милош

Чеслав Милош (1911–2004) – полски поет, прозаист, есеист, историчар на книжевноста, преведувач и дипломат. Од 1951 г. до 1989 г. живеел во емиграција – до 1960 година во Франција, потоа во САД. До 1980 година, во Полска бил забранет од цензурата. Од 1961 г. до 1978 г. бил професор по словенски јазици и книжевност на Калифорнискиот универзит во Беркли и на Харвард. Во 1993 г. година се вратил во Полска. Добитник е на Нобелова награда за литература во 1980 година. Носител е на најголеми книжевни и општествени признанија. Бил член на Полската академија на науките и на Здружението на полските писатели. Почива во Криптата на заслужните во Скалка, Краков, Полска.Автор е на голем број поетски и есеистички дела, како и на три романи: „Долината на Иса“, „Освојување власт“ и недовршениот роман „Планината на Парнас“. Неговото творештво е преведено на 44 јазици.

Книги во издание на Бегемот

Original price was: 600,00 ден.Current price is: 420,00 ден.