Чарлс Буковски

Хенри Чарлс Буковски (роден 1920 во Андернах, Германија, како Хајнрих Карл Буковски – починат 1994 во Сан Педро, САД) — германско-американски поет, романописец и раскажувач. Неговото пишување било под влијание на социјалниот, културниот и економскиот амбиент на Лос Анџелес, градот во кој го минал речиси целиот живот и на кој му го посветува речиси целото творештво. Неговото дело се осврнува на обичните животи на сиромашните Американци, на чинот на пишувањето, на алкохолот, на односите со жените и на тешката работа. Во неговите приказни се појавува ревија од ликови од најниските слоеви на општеството. Главна карактеристика на неговиот стил е бескомпромисниот израз, бруталните сцени, жаргонскиот и вулгарен јазик, како и честопати невозможните меѓучовечки односи, прикажани низ типично негова призма на жесток и ироничен хумор. Буковски напишал илјадници песни, стотици раскази и шест романи, објавувајќи над шеесет книги.

Книги во издание на Бегемот

Original price was: 400,00 ден.Current price is: 280,00 ден.