Бруно Шулц

Бруно Шулц (12 јули 1892 г. – 19 ноември 1942 г.) – полски прозаист, сликар, графичар и литературен критичар од еврејско потекло. Се родил во Дрохобич, претежно еврејски град. Студирал архитектура во Лавов и поголемиот дел од животот го поминал во родниот град, каде што работел како учител по цртање во гимназија. Врз него интелектуално влијание извршила Млада Полска и германската литература од првата декада на XX-от век. Во 1934 год. ја издал својата прва книга, Продавниците со боја на цимет. Поттикнат од младите литерати и издавачите, Шулц ја издал својата втора книга, Санаториумот во знакот на Клепсидрата. Целото негово прозно творештво се ограничува на тие две книги, кога ракописот на романот Месија, на кој потоа работел, се загубил. Потоа пишува уште неколку раскази и критички есеи, на македонски јазик објавени под насловот Митизација на реалноста (Бегемот, 2015). Како Евреин, Шулц бил одведен во гетата во Дрохобич и таму бил убиен во 1942 г. Врз основа на неговите раскази, како и за животот и делото на Бруно Шулц, снимени се и неколку филмски остварувања.

Книги во издание на Бегемот

Original price was: 250,00 ден.Current price is: 175,00 ден.

Original price was: 450,00 ден.Current price is: 315,00 ден.