Боб Дилан

Боб Дилан (роден како Роберт Ален Цимерман на 24 мај 1941 год.) – американски пејач, композитор, текстописец, писател и поет, лауреат на Нобеловата награда за литература во 2016 година.Една од најважните музички личност во последните пет декади. Својот индивидуален стил го базира на голем број музички жанрови, од традиционален американски фолк и кантри блуз, госпел, рокенрол, рокабили, до англиска, шкотска и ирска фолк музика, а исто така џез и свинг. Раните текстови на Дилан во себе инкорпорираат политички, филозофски, социјални и литературни влијанија и мотиви, кршејќи ги сите популарни музички конвенции и правила и станувајќи обележје на противкултурата на неговото време. Голем дел од најзначајните дела на Дилан датираат од 1960-тите, период кога се претвора во неформален хроничар и единствен гласноговорник на Немирот на Млада Америка. Многу од неговите песни, како Blowin’ in the Wind и The Times They Are a-Changin’, стануваат химни на антивоеното движење и Движењето за граѓански права во САД.Неговото творештво било наградувано со Греми, Оскар, Златен глобус, Пулицер, како и со Нобелова награда за литература.

Книги во издание на Бегемот

Original price was: 300,00 ден.Current price is: 210,00 ден.