
Андреј Ал-Асади
Андреј Ал-Асади (1996) е автор од помладата македонска книжевна генерација. Во средношколските денови се појавуваат првите стихови на младиот поет, кои ќе ги комплетира во стихозбирката со музички назив „Midnight Blues“ (Антолог, 2013). Автор е и на поетските збирки „Под дервишовото сиќе“ (ПНВ публикации, 2018) и „Небесна геометрија“ (ПНВ Публикации, 2019), а за збирката дебитантски раскази „Друго минато“ (Темплум, 2018) ја добива наградата „Новите!“ што ја доделува издавачката куќа „Темплум“, а исто така е застапен и во антологијата на краток расказ „Очудувања 3“ (Бегемот, 2019). „Утрото на бессоните“ е неговото второ прозно остварување.

