
Амадо Нерво
Хосе Амадо Нерво (Тепик, Најарит, 1870 г. – Монтевидео, 1919 г.)Мексикански поет, романописец и есеист, најчесто се вбројува меѓу модернистите според стилот и епохата, често сметан за несоодветен со мистицизмот и тагата на поетот. Најпознат е неговиот поетски опус, но исто така пишувал и раскази и романи. Нерво меланхолично изразува емоции и чувства со убав и течен стил. Во 1900 г. ја издал својата прва книга стихови Místicas. Патувал во Париз и за време на престојот во Европа ги напишал Поемите (1901), Егзодусот и цвеќињата по пат, Херојска лира (1902), Гласови (1904) и Внатрешни градини (1905). Кога се вратил во Мексико веќе бил посветен писател. Работел и како вонреден и ополномоштен амбасадор во Шпанија, Аргентина и Уругвај. Други негови дела: Тивко (1909), Мир (1912), Незаинтересираниот ѓавол (1916) и Полнота (1918). Балкони – роман (1922).

