
Александар Прокопиев
Александар Прокопиев досега напишал дваесетина книги проза – раскази, есеи и роман – од кои неколку се преведени на светски и балкански јазици, а некои добиле и меѓународни награди. Освен со пишување проза, се занимавал и со уште некои креативни дејности – рокенрол, хаику, алтернативен театар, сценарија за квизови, стрипови и анимирани филмови – од кои со некои се уште се занимава. Роден е некој 24 фебруари и се уште носи некои парчиња облека, како ѓубретарецот и црниот „дизел“ џемпер, што се возрасни како неговите први книги.

