
Алек Попов
Алек Попов (1966) е еден од најважните и најпознатите современи бугарски писатели. Автор е на романите „Мисија Лондон“, „Црната кутија“ (и неговата втора верзија: „Црната кутија: кучиња што летаат ниско“), „Сестрите Палавееви во бурата на историјата“, како и на неколку збирки раскази. Попов е познат како мајстор на спојот на комичното и сериозното преку вешто ситуирање на животот на Балканецот во неговата матична и нематична средина. Како автор од европски ранг, Попов е преведен на повеќе од 15 јазици. Член е на најважните писателски институции во Бугарија и е награден со многу домашни и меѓународни признанија.

