Едиција: Наше маало
130 страни
185×120 mm

Зентрифуга

Иван Шопов

Самиот наслов на книгава, со играта на зборови меѓу „зен“ и „центрифуга“, укажува на игривост, пародичност, како и одлично познавање на приказните што се предмет на реинтерпретација, што е нужен предуслов за успешна пародија.

Едиција: Наше маало
130 страни
185×120 mm

Original price was: 300,00 ден.Current price is: 210,00 ден.

На залиха

Опис на книгата

Самиот наслов на книгава, со играта на зборови меѓу „зен“ и „центрифуга“, укажува на игривост, пародичност, како и одлично познавање на приказните што се предмет на реинтерпретација, што е нужен предуслов за успешна пародија. Расказите се навидум едноставни, напишани со лесен, разбирлив стил. Но, всушност, тие во себе содржат подлабока тематика бидејќи, преку неочекуваните духовити пресврти, ги откриваат и ги разнишуваат цврсто изградените, конзистентни етички гледишта на зен приказните, често со шокантен резултат.

И во другите циклуси од збирката, кои се состојат од микрораскази, Шопов го остава својот препознатлив белег: извлекување на маргинализирани перспективи, очудување или дестабилизирање на вообичаените ситуации, примена на меѓусебно конфликтни раскажувачки постапки за да се произведе ефект на хумор и ново сознание.

Калина Малеска

Прочитај извадок