
Дневник 1959-1969
Витолд Гомбрович
Откако прифативме дека сум се родил (што не е сигурно), се родив за да ја разобличам вашата игра.
Original price was: 700,00 ден.490,00 денCurrent price is: 490,00 ден.
На залиха
Опис на книгата
Откако прифативме дека сум се родил (што не е сигурно), се родив за да ја разобличам вашата игра. Моите книги не треба да ви кажат: биди тоа што си, туку – се преправаш дека си тоа што си. Би сакал во вас да стане плодно токму она што го сметавте за целосно јалово и дури засрамувачко. Ако толку го мразите актерството, тоа е затоа што тоа тлее во вас – ама за мене актерството станува клучот за животот и за стварноста. Ако се гадите од незрелоста, тоа е затоа што ја имате во себе – ама мене полската незрелост ми го одредува целиот мој однос кон културата. Преку мојата уста се огласува вашата младост, вашиот стремеж за забава, вашата лизгава витост и неодреденост – токму тоа го мразите, тоа го истиснувате од себе – во мене се ослободува скриениот Полјак, вашето алтер его, обратната страна на вашиот медал, досега невидливиот дел од вашата месечина. Ах, би сакал да станете актери свесни за играта! Витолд Гомбрович





