
Пат за Бутан
Пајо Авировиќ
„Пат за Бутан“ е приказна што говори за апсурдноста на долготрајната транзиција, за меѓукултурните и за меѓуетничките не(до)разбирања, но истовремено зборува и за меѓусебната топлина на обичните луѓе.
Original price was: 400,00 ден.280,00 денCurrent price is: 280,00 ден.
На залиха
Опис на книгата
„Пат за Бутан“ е приказна што говори за апсурдноста на долготрајната транзиција, за меѓукултурните и за меѓуетничките не(до)разбирања, но истовремено зборува и за меѓусебната топлина на обичните луѓе. Главниот јунак, нараторот во романот, е веќе средовечен самец, таканаречен „обичен“ човек, фрустриран од неможноста да ги покаже и докаже своите квалитети, стекнати на низа високи школи во земјата и странство. Тој, по раскинувањето на долгогодишната врска, практично се наоѓа во егзистенцијална криза, не успевајќи да ја пронајде смислата на своето постоење.
Преку процес на трансформација на главниот лик што е прикажан суптилно, убедливо и реално, Пајо Авировиќ раскажува приказна за менувањето како суштина на нашите животи, менувањето првенствено на самите себе, а потоа и на средината со која сме опкружени. Можеме и се менуваме во секоја доба од нашите животи; приказна за растењето на зрелите луѓе; за надежта дека можеме да работиме на себе и во зрелите години, дека и тогаш се можни нови почетоци и дека и тогаш можеме да ја осознаеме смислата на животот; за прифаќањето на различностите и пронаоѓањето на убавината во нив… На крајот на краиштата, „Пат за Бутан“ е приказна што ни кажува дека и во (за)дадените токсични околности можеме самите да ја пронајдеме или поточно да ја создадеме нашата среќа.
Ѕвездан Георгиевски
