Правила и услови за користење
Со самиот пристап на интернет страницата на Begemot.mk и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија. Begemot.mk го задржува правото за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
Политика и услови на доставување на производите/услугите
Со реализација на нарачката и вршење на уплатата на саканиот производ, се смета дека е склучен договор помеѓу Begemot.mk и потрошувачот.
Испораката на производите ќе биде организирана од страна на Begemot.mk на адресата која е наведена во нарачката.
Политика на цени и начини на плаќање
Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на интернет страницата.
Плаќањето на производите може да биде:
- со кредитна/дебитна картичка
- со плаќање при достава (на врата)
Трошоците за достава изнесуваат 160 денари и се на товар на купувачот.
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате телефонски или преку делот за контакт.
Политика на поврат на средства со платежни картички
Begemot.mk ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата. Правото може да се оствари со доставување писмено барање или емаил и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датумот и износот на уплатата.
Begemot.mk врши замена на производите само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.
Во случај на враќање на роба или поврат на средства за нарачки платени со платежна картичка, средствата се враќаат преку банката на сметката на корисникот на картичката.
Целокупната процедура за замена на производ или рефундација може да трае до 15 работни дена.
Во случај на поврат на производ, купувачот приложува фактура/испратница и истиот може да го замени со друг производ.
Производот може да се врати или замени во рок од 15 дена од денот на приемот, при што мора да биде:
- неупотребуван
- неоштетен
- во оригинално пакување и/или со етикета
Пакуваните производи се враќаат преку брза пошта на адресата што ќе ви биде доставена, на трошок на купувачот.
Begemot.mk има право да не изврши поврат на средства доколку производот не е во состојба во која бил испорачан.
Трошоците за враќање се на товар на купувачот, освен во случај на неисправен или погрешен производ.
Рекламации и контакт
По приемот на пратката, ве молиме проверете го производот. Доколку има оштетување или не се совпаѓа со нарачката, ве молиме контактирајте нѐ во рок од 24 часа:
📞 +389 70 741 782
📧 info@begemot.mk
Во пораката наведете:
- име и презиме
- телефон
- причина за рекламација
Нашиот тим ќе ве контактира во најкраток можен рок со понатамошни инструкции.
