Владислав Ванчура – Разуздано лето

Т

ројца мажи на средна возраст – мајстор, мајор и поп – мрзеливо го минуваат времето во капалиштето во зафрлената Мала Бања. Наредните денови им минуваат во капење, ситни расправии и дискусии на сите можни теми. Свежина во нивните животи внесува пристигнувањето во гратчето на мал циркус, во чиј состав е само магионичарот-акробат и неговата привлечна асистентка, која делува како лек против кризните средни години на мажите. Настаните се проследени со голем број перипетии и ги имаат сите карактеристики на фарса. Разуздано лето е гротеска која го поставува Владислав Ванчура на едно од највисоките места во чешката хумористична литература. Делото ја доживеа и својата екранизација во 1969 година во режија на Јиржи Менцел.

Автор: Владислав Ванчура (1891–1942)

Превод од чешки јазик: Маргарета Карајанова

Број на страници: 103

Едиција: Арс Магна | Формат: 180×110

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *